2-годишната ќерка на Карди Би e „мини дива“ - носи чанти од Chanel и Dior
- Детали
- четврток, 08 април 2021
Малата привилегирана принцеза, со гардеробер на кој и некои ѕвезди ќе ѝ позавидат, веќе има свој Инстаграм профил со 1.7 милиони следбеници.
Раперката Карди Би (28) има богатство од околу 84.5 милиони долари и со него обожава да ја разгалува својата 2-годишна ќеркичка Kulture Kiari Cephus.
Таа на својата наследничка постојано ѝ купува модни додатоци, а особено чанти од брендовите како Chanel и Dior. Вели дека често оди на шопинг и дека со причина добила кукла како неа за да може да ја дотерува.
„За неа купувам повеќе отколку за себе“, изјави раперката од Бронкс во една пригода.
Нејзината ќеркичка често носи и парчиња од Givenchy и Balenciaga и изгледа и позира како „мини дива“.
И додека некои немаат проблем со тоа што Карди Би што троши толку пари на гардероба за ќерка си, други ја критикуваат дека ја разгалува и ја прави уште од мала да биде „мини дива“, која кога ќе порасне ќе има преголеми апетити и нема да ги цени парите, ако тргне по стапките на мајка си.