Северина откри каде живее, Бекамови се собраа на купче, Бритни во теретана – како славните го поминаа Велигден 2021? (фото)
- Детали
- понеделник, 05 април 2021
Велигден и оваа година, како и минатата, најверојатно ќе мора да го поминеме во домовите со најблиските, без големи семејни ручеци, собири пред црква и велигденски патувања.
Католиците годинава го празнуваат најголемиот христијански празник речиси цел месец пред православните христијани, а многумина од нив го поминаа Велигден во домашна атмосфера, со најблиските.
Славните личности објавија фотки и видеа со кои им го честитаат празникот на фановите, па имавме можност да ѕирнеме како дел од нив го поминаа големиот празник.
Погледнете дел од нив:
Северина
„Стојам на својата тераса, на улица Иван Павле II. Мојот омилен Папа. Среќен Велигден ви посакувам на вас и на вашите најблиски!“ – напиша Северина во дел од својата објава.
Јелена Розга
Со селфи фотка, хрватската пејачка им го честиташе Велигден на фановите.
Стјепан Хаусер
Музичарот објави музичко видео со честитка од Малдиви, на плажа со својата понежна половина.
https://www.instagram.com/p/CNQG1WQHPx3/
Џиџи Хадид
Топ моделот го одбележа првиот Велигден на нејзината ќерка Каи, споделувајќи фотографија од неа облечена како зајаче.
Бритни Спирс
Познатата пејачка и нејзиното момче Сем Ашгари празниците ги поминаа во домашна атмосфера. Сем објави видео снимено во нивната теретана пред да започнат со празнувањето.
Хилари Даф
Хилари Даф го прослави овој Велигден со три деца, непосредно по раѓањето на ќерката Мае. Даф на Инстаграм сподели фотографија со трите деца на која постариот син Лука ја држи неговата новородена сестричка.