Канје Вест и уште 5 славни личности кои отворено прозбореа за битката со биполарното нарушување

Канје Вест смета дека треба отворено да зборуваме за проблемите со менталното здравје и дека никој не треба да се срами од тоа. Раперот нагласува дека го прифатил биполарното нарушување како дел од него и дека тоа го прави личноста којашто е.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-01.jpg

Биполарноста е ментално нарушување најчесто карактеризирано со нагли промени на расположението. Луѓето кои страдаат од биполарно нарушување имаат периоди кога се чувствуваат пресреќно и полни со енергија, а потоа периоди кога се тажни, безнадежни и депресивни.

Помеѓу овие еуфорични и депресивни епизоди, тие можеби се чувствуваат добро, но наглите промени на расположението имаат негативно влијание врз многу аспекти од нивните животи. Кај повеќето луѓе со биполарно нарушување депресивните епизоди се многу почести од еуфоричните.

Како што е случајот со многу ментални нарушувања, луѓето кои не ја искусиле биполарноста не секогаш можат да ја разберат, но многу славни го користат своето влијание за да го променат тоа.

Тие отворено зборуваат за нивната дијагноза и предизвиците што ги носи, со тоа покажувајќи им на оние кои страдаат дека не се сами. Истовремено, нивната отвореност ќе им помогне на другите подобро да го разберат ова нарушување.

Во продолжение погледнете кои славни личности отворено прозбореа за битката со биполарноста:

Мараја Кери

Познатата пејачка била дијагностицирана во 2001-ва, а пред три години, во интервју за People, прозборе за искуството со биполарното нарушување:

„Бев раздразлива и постојано се плашев дека ќе ги разочарам другите. Потоа дознав дека тоа било некаков вид манија. За време на депресивните епизоди немав воопшто енергија и се чувствував заглавено. Побарав помош и добив терапија. Почнав да се опкружувам со позитивни луѓе и да се фокусирам на она што го сакам најмногу – пишување песни и создавање музика“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-02.jpg

Жан Клод Ван Дам

Актерот изјави дека дијагнозата кон крајот на 90-тите му ги отворила очите и го натерала да размисли за својот живот. За депресивните епизоди, најмногу му помогнале напорните тренинзи за неговите улоги. За Rolling Stone тој изјави:

„Вежбам поразлично, јадам поразлично и се обидувам да зборувам побавно. Гледам денес да бидам подобра личност од вчера“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-03.jpg

Кери Фишер

Во нејзината книга Wishful Drinking актерката се отвори за проблемите со алкохолот, но и за биполарното нарушување:

„Биполарноста може да биде предизвик што ви ја краде целата енергија. Бара многу издржливост и уште повеќе храброст. Па, ако живеете со ова нарушување, а сепак функционирате, треба да бидете горди на себе, а не да се срамите“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-04.jpg

Роби Вилијамс

Поради неговото искуство, пејачот стана амбасадор на добротворната организација Music Support која им нуди поддршка на луѓето од музичката индустрија кои имаат проблеми со менталното здравје или со зависности.

Роби Вилијамс зборуваше за проблемите со биполарното нарушување во документарец на Стивен Фрај:

„Некогаш ми е премногу, но некогаш ми е како алатка што ми треба за да застанам на сцена. Некогаш, пак, живеам во блаженство и тоа е прекрасно“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-05.jpg

Канје Вест

Раперот беше дијагностициран со биполарно нарушување во 2016-та и оттогаш отворено зборува за предизвиците со кои се соочува. Во интервју со Џими Кимел Канје изјави дека музиката му е можеби најдобрата терапија, но и дека не се срами од навршувањето бидејќи тоа го прави личноста којашто е.

„Мислам дека е важно сите отворено да зборуваме за проблемите со менталното здравје, особено луѓето како мене, со темна боја на кожата. Нашата заедница немаше терапевти и никој не нè советуваше да одиме на терапија“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-06.jpg

Селена Гомез

Минатата година, Селена откри дека била дијагностицирана со биполарно нарушување. Наводно, таа извесен период се чувствувала чудно – имало моменти кога била пресреќна, за набрзо потоа да падне во депресија.

„Неколкупати одев на третмани за анксиозност и депресија, но и за многу други проблеми. Неодамна, бев во една од најдобрите болници во САД и дознав дека сум биполарна. Беше тешко, но се обидував да најдам нешто што ќе ми помогне да надминам сè. Имам одлични пријатели, одам на терапија и се фокусирам на позитивните нешта. Оттогаш научив многу работи за себе“.

kanje-vest-i-ushte-5-slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-bitkata-so-bipolarnoto-narushuvanje-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
Канје Вест се разведува по 2 години брак: „Дали Бјанка конечно ќе почне да се облекува?“ „Се прашувам дали Бјанка ќе почне да се облекува како нормален човек, сега кога ...
Сопругата на Канје се облече за прошетка со ќерка му, откако девојчето ја нацрта разголена (фото) Откако објави видео со цртежот на кој својата маќеа ја имаше нацртано со гол зад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg