„Ми го уништија носот со пластична операција“ – Пријанка Чопра е непрепознатлива на фотките од младоста
- Детали
- петок, 26 март 2021
Пријанка Чопра сподели фотка од младоста на која изгледа многу поразлично од денес, а неодамна откри дека тогаш направила пластична операција на носот. Таа ја направила операцијата поради здравствен проблем, но лекарот направил грешка и засекогаш ѝ го променил изгледот.
Пријанка Чопра сподели ретро фотографија од неа, од периодот кога имала 19 години и изгледа многу поразлично од денес.
На фотографијата, познатата актерка носи бело бикини и бели панталони, а во описот открива дека фотката е направена кога имала 19 години.
Можеби и сами забележувате дека најголема разлика во изгледот на Пријанка е всушност нејзиниот нос. 38-годишната актерка имала лоша пластична операција, која драстично ѝ го променила изгледот.
Неодамна, во нејзината книга, 38-годишната актерка сподели дека поради здравствени проблеми морала да направи пластична операција на носот. Но, лекарот направил грешка.
„Тогаш операцијата ми звучеше како рутинска процедура. За жал, не беше така. Хирургот ја уништи коската на мојот нос. Мојот оригинален нос повеќе го немаше. Лицето ми изгледаше сосема поразлично. Тоа не бев јас“.
Тогаш актерката била позната во Индија најмногу поради нејзината убавина, но после лошата операција била отпуштена од два филма.
„Се чувствував како да немав никаква вредност и бев многу несигурна за мојата иднина“.
Во книгата актерката открива дека нејзината сила ѝ помогнала многу. Таа смета дека ако изгледала како сите убави девојки во Индија, можеби немало да се истакне и да ја стекне денешната популарност.
„Сега кога се погледнувам во огледало, повеќе не сум изненадена. Се помирив со малку поразличната јас… Како и сите други: се гледам во огледалото и си мислам дека можеби може да ослабам малку, си мислам дека може да вежбам повеќе. Но, исто така сум задоволна. Ова е моето лице. Ова е моето тело. Можеби имам недостатоци, но јас сум јас“.
Но, Пријанка не се соочуваа со критики за изгледот само во родната Индија. Кога пристигнала во САД, некој режисер ѝ рекол дека ако сака да биде успешна, мора да ги зголеми градите.
„Бидејќи ми велеа дека изгледам поразлично од другите, почнав да се сомневам дали воопшто ќе успеам во овој бизнис“.
Актерката вели дека дури неодамна сфатила дека скоро сите жени во филмската индустрија се соочуваат со слични критики, па веќе не ѝ е грижа што мислат другите за нејзиниот изглед.
Спирова С. | Црнобело