Правила кои ѕвездите мора да ги следат кога се сретнуваат со кралското семејство
- Детали
- сабота, 27 март 2021
Кога ѕвездите се среќаваат со кралското семејство мора да ги почитуваат протоколите кои доаѓаат со нив.
Ова се само мал дел од нив:
- Пред да се запознаат со членовите на кралското семејство, добиваат конкретна листа со работи кои смее и не смее да ги направат. Односно, тоа е еден вид на најава дека ќе се сретнат.
- Ѕвездите се советуваат да пристигнат малку порано од потребното и договореното време. Кралските членови треба да пристигнат последни.
- Никако не смее да ги допрат членовите на кралското семејство, освен кога кралските членови го иницираат контактот.
- Кога се двоумат како да се поздрават – се препорачува класично ракување.
- Мора да се почека кралскиот член да го иницира разговорот. Ниту славните не смее да им се обратат први.
- Обраќањето по име е забрането. На прво запознавање треба да им се обратат со „Ваше височество,“ а подоцна може и со госпоѓо или господине.
- Нема потреба од поклонување. Освен ако ја запознаваат кралицата.
- Постои листа на зборови кои не смее да ги кажат гласно, како на пример „тоалет.“
- Мора секогаш да стојат кога кралицата стои.
- Никогаш не смее да се завртат со грб кон кралицата.
- Од безбедносни причини, не смее да побараат селфи.
- Никогаш не смеат да одбијат покана која доаѓа од кралски член.
- На поканите од Бакингемската палата, мора да одговорат двапати.
- Препорачливо е да одржуваат константен контакт со очите. Носењето очила е крајно непристојно, а се има случено и таков прекршок.
М. Д. | Црнобело