„Ве сакам, но и ве мразам“ – Криси Тајген се збогува од Твитер поради негативноста која не може да ја поднесе
- Детали
- четврток, 25 март 2021
После 10 години на социјалната мрежа, Криси Тајген изјави дека се збогува од Твитер, а потоа го избриша профилот, наводно бидејќи не знаела како да се справи со целата негативност. Само ден-два претходно, таа беше нападната од твитерџиите поради соработката со Крис Џенер за линија продукти за чистење, па веројатно ова ја „прелило чашата“.
Криси Тајген е активна на Твитер околу 10 години, а таму ги споделуваше скоро сите детали од нејзиниот живот. Поради ова, 35-годишниот модел собра многу фанови, но неретко е и критикувана поради отвореноста, непромислените твитови и бројни други работи.
Многу често Криси им одговараше на негативните коментари – нешто што ѝ донесе уште повеќе фанови, но сега изјави дека повеќе не можела да се справува со негативноста од Твитер.
Таа го деактивираше нејзиниот профил на 24-ти март, а претходно сподели неколку твитови објаснувајќи ја нејзината одлука:
„Повеќе од 10 години вие бевте мојот свет. Навистина му должам многу на овој свет што го создадов овде. Навистина многумина од вас ги сметам за мои вистински пријатели. Но дојде време да се збогуваме. Од сето ова повеќе чувствувам негативни отколку позитивни работи, и мислам дека сега е вистинско време да изјавам нешто.
Мојата животна цел е да ги правам луѓето среќни. Болката што ја чувствувам кога не го правам тоа е премногу за мене. Отсекогаш ме претставувале како силна девојка која не премолчува ништо, но јас не сум тоа.
Мојата желба да бидам сакана и стравот да не налутам некого ме направија личност за која сигурно не сте заинтересирани, ме направија поразлична личност од онаа што бев! Имајте добар живот твитерџии. Ве молам имајте на ум дека отсекогаш се грижев за вас.
Ве охрабрувам никогаш да не заборавите дека зборовите се важни. Без разлика што гледате, што прикажува таа личност и без разлика на вашата намера.
Правев грешки низ годините, пред стотици илјади луѓе, и преземав одговорност за нив. Научив многу работи овде. Боже, имам кажано навистина лоши работи и тоа ме убиваше исто колку што ме убивавте вие. Но она што не го научив е како да ја блокирам негативноста.
Едноставно, многу сум чувствителна. Не сакам да бидам ваква! Но таква сум! Но, ве сакам и го ценам нашето заедничко време, навистина. Исто така, ве мразам“.
Само неколку денови пред да го напушти Твитер, Криси се пофали за соработката со Крис Џенер за линија продукти за чистење со природни состојки од растително потекло.
И покрај тоа што беше повеќе од очигледно дека таа е возбудена за соработката, повеќето од коментарите на објавата беа негативни. Твитерџиите ја критикуваа Криси бидејќи решила да соработува со Крис и пишуваа дека не требало да се меша со семејството Кардашијан.
„Се извинувам, но не давам ни денар за некој од кланот Кардашијан-Џенер“.
„Те сакам Криси! Но не давам пари за Крис Џенер!“
„Премногу те сакам госпоѓо Тајген… но навистина? Уште продукти? Сакаш уште профит?“
„Те молам не се мешај со тоа семејство. Не му одговара на твојот бренд. Подобра си од тоа. Тажна сум што го гледам ова“.
Спирова С. | Црнобело