Емили Ратајковски сподели сурово искрени фотки од породувањето - контракции, болки, па новороденчето во раце
- Детали
- четврток, 18 март 2021
На 8-ми март Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг Себастијан го добија нивното прво дете – Силвестер Аполо – а сега моделот сподели неколку фотографии од самото породување.
29-годишната Емили го роди нејзиното прво дете на 8-ми март, а тој ден го опиша како најубавиот од нејзиниот живот. Кратко по породувањето, Емили веднаш сподели фотографија со нејзиното малечко, а сега реши да сподели и неколку фотки од самото породување.
„Помеѓу туркањето/првите моменти со Силвестер. Живот!“, пишува во нејзината објава.
Емили откри дека е бремена во октомври минатата година, во есеј што го напиша за Vogue. Уште тогаш моделот објасни зошто со сопругот нема да го откриваат полот на детето:
„Кога јас и сопругот им кажуваме на пријателите дека сум бремена, нивото прво прашање после честитките најчесто е: 'Знаете ли што сакате?‘ На ова сакаме да им одговараме дека нема да го знаеме полот на детето сè додека не наполни 18 години и ни каже само“.
„Сите се смеат за ова. Сепак, има вистина во нашата одлука која покажува можности кои се многу покомплексни од гениталиите со кои ќе се роди нашите дете. Вистината е дека не знаеме кој, а не што, расте во мојот стомак. Која ќе биде оваа личност? На каква личност ќе станеме родители? Како ќе ни ги промени животите? Ова е зачудувачки но и застрашувачки концепт, кој нè прави и беспомошни, и благословени“, изјави Емили во есејот.
https://www.instagram.com/p/CLpOChBsn9E/
Спирова С. | Црнобело