Кијану Ривс (56) на вечера со својата скромна девојка (47), со седа коса и во кежуал издание
- Детали
- вторник, 16 март 2021
Кијану Ривс не е типичен холивудски лик, тој е скромен, постојано тајно прави хумани дела без никој да знае и сака природни жени, а не пластични барбики. Веќе неколку години неговото срце припаѓа на Александра Грант...
Кијану Ривс (56) веќе неколку години е во врска Александра Грант (47), но овој пар води скромен живот и папарацо фотографите многу ретко успеваат да ги уловат заедно.
Деновиве имаше една таква пригода кога парот беше фотографиран пред ресторан во Беверли Хилс. Тие без придружувани од колега актер на Кијану и неговото семејство.
Инаку, Кијану и Александра за прв пат се појавија заедно на настанот LACMA Art + Film Gala во ноември 2019 година.
Првата нивна соработка пак била во 2011 година, втората во 2016, а дури потоа се родила љубов.
„Александра е уметник и таа е многу тивка и ненаметлива жена, но едновремено кул и елегантна“, тврдат извори блиски до парот, и додаваат дека Кијану е навистина среќен што ја има.
Нови фотки од парот:
Прочитајте и Која е Александра Грант, првата девојка која Кијану Ривс ја покажа во јавноста?
С. С. | Црнобело