Славни парови кои секогаш се појавуваат со усогласени комбинации на важните настани

Со текот на времето црвениот тепих се претвори во модна писта, па пред секој голем настан од забавната индустрија детално се проучува облеката што ја носат ѕвездите.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-01.jpg

За некои ѕвезди, како Ријана, е очекувано да се појават во беспрекорно издание, но уште поинтересни се славните парови кои секојпат ги усогласуваат нивните модни комбинации.

Погледнете кои славни парови секогаш изгледаат одлично со усогласените модни комбинации:

Викторија и Дејвид Бекам

Викторија е дизајнерка и од неа се очекува секогаш да изгледа одлично, а очигледно и Дејвид научил нешто за модата од неа. Тие се заедно повеќе од две децении и со текот на времето станаа можеби најдобро облечениот пар во светот на шоу-бизнисот.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-2.jpg

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Благодарение на улогата во Sex and the City, Сара стана една од најпознатите актерки, а нејзиниот лик во серијата важи за модна икона.

Но, Сара има одличен вкус и во приватниот живот. Иако актерката има и неколку модни промапшувања, кога се појавува со сопругот Метју на црвениот тепих, и двајцата секогаш изгледаат беспрекорно.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-3.jpg

Бијонсе и Џеј Зи

Можеби најмоќниот пар во светот на шоу-бизнисот спаѓа и во категоријата најдобро облечени. Комбинациите на Бијонсе и Џеј Зи се секогаш усогласени кога присуствуваат на некој важен настан.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-04.jpg

Криси Тајген и Џон Леџенд

И Криси и Џон Леџенд скоро секогаш имаат усогласени модни комбинации и изгледаат беспрекорно кога се појавуваат во јавност.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-05.jpg

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Блејк и Рајан се најпознати по шегите што ги кажуваат на своја сметка, но дефинитивно привлекуваат многу внимание и со нивниот стил.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-06.jpg

Џорџ и Амал Клуни

Кога светот дозна за врската на Џорџ и Амал, она што привлече најмногу внимание беше беспрекорниот стил на адвокатката. Па, не е ни чудно што заедно со Џорџ, секогаш изгледаат совршено.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-07.jpg

Ник Џонас и Пријанка Чопра

На секој настан, Ник носи навистина интересни одела. А, бидејќи очигледно Пријанка е експерт за мода, веројатно таа ги одбира оделата на Ник кои секогаш одговараат со нејзината комбинација.

najdobro-oblecheni-slavni-parovi-koi-sekogash-se-pojavuvaat-so-usoglaseni-kombinacii-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Некогаш и сега: Како изгледаат денес нашите омилени тинејџерски ѕвезди? Џаред Лето, Менди Мур, Зек Ефрон... Знаете ли како изгледаат денес ѕвездите во к...
Најубавите парови на доделувањето на Златни Глобуси 2024 (фото) Бен Афлек и Џеј Ло, Хајди Клум и Том Каулиц, но и Кајли Џенер и Тимоти Шаламе ко...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg