Ја имаше најубавата жена на светот, а сега е со 31 година помлада девојка – бившиот на Моника Белучи има среќа со жените
- Детали
- сабота, 06 март 2021
Неговата поранешна сопруга е прекрасната Моника Белучи, италијанската актерка која дури и во шестата деценија од животот мами воздишки со својата убавина.
Заедно имаат две деца – Дева и Леони Касел, а нивниот брак траеше релативно „долго“ според холивудските стандарди, „дури“ 14 години, односно од 1999 година до 2013 година.
54-годишниот француски актер Винсент Касел повторно пронајде љубов со 23-годишната Тина Кунакеј, француски модел и актерка.
Разликата од 31 година како воопшто да не допира до парот, кој се венчаше во 2018 година во Тина, а заедно ја имаат ќеркичката Амазони Касел.
Иако многумина шпекулираа дека Касел решил да се разведе од Белучи поради моделот, тоа не е воопшто точно. Тие се разделија во август 2013 година, поради тоа што Винсент долго време сакал да живее во Бразил, односно Рио де Жанеиро, а Моника одбивала.
Касел и Кунакеј се запознале во 2015 година на Ибица. Таа воопшто не знаела дека тој е познат актер. Едноставно си се допаднале на прв поглед и двајцата биле привлечени еден кон друг. Оттогаш се неразделни.
Изгледот на Касел многупати бил „мета“ на публиката, но се чини дека тој ја знае тајната како да ги освои најубавите жени на светот.
Погледнете ги фотките од вљубениот пар:
https://www.instagram.com/p/CLFO-0Rr6m3/
https://www.instagram.com/p/CLREl43AOek/
https://www.instagram.com/p/CJgPrZnAgMP/
https://www.instagram.com/p/CJMVyl1g75C/
https://www.instagram.com/p/CDvfYR7Ks0X/
https://www.instagram.com/p/B11kDpnCOMW/