Славни дами кои не им веруваат на шминкерите и се шминкаат сами
- Детали
- сабота, 20 февруари 2021
Кога ги гледаме фотките од важните случувања и црвените теписи по кои се појавуваат совршено дотераните ѕвезди, успехот најчесто им го препишуваме на мејкап артистите, стилистите, фризерите...
Но, дел од славните жени сепак својата убавина решаваат да не ја препуштат во рацете на шминкерите.
Ова се жените кои самостојно се шминкаат, дури и за најважните свечености:
Кејт Винслет
Оскаровката се обидува сама да се нашминка секогаш кога тоа е возможно, а во едно интервју откри дека руменилото во боја на праска и внимателно одбраната пудра се нејзината тајна за добар изглед.
Кејт Мидлтон
Со толку помошници околу себе, Кејт сепак се одлучи на денот на кралската свадба да се нашминка сама.
Ева Лонгорија
Актерката обожава сама да се шминка во розови тонови. Ретко кој би поверувал дека втората фотка е нејзино „дело.“
Селена Гомез
Селена има љубов кон козметиката, а минатата година пласираше нејзина линија на пазарот. Во една прилика, за фотосесија на магазин, друи и се нашминкала сама.
Емили Ратајковски
Со оглед на тоа што е поборник за што поприроден изглед, Емили честопати се појавува на важни настани нашминкана сама.
Меган Маркл
Во 2018-та година Меган Маркл го „откачила“ мејкап артистот на официјална турнеја. Оттогаш, работи само со стилист, но не и со шминкер.
Гвен Стефани
Гвен неодамна јавно признала дека се откажува од соработката со славни мејкап артисти. Сите експерименти со кармини и сенки сака да ги прави сама, па помош бара исклучиво за косата.
Шакира
Со текот на времето, Шакира сфатила дека колку помалку шминка има на себе – толку помладо изгледа и сега се држи до тоа правило.
М. Д. | Црнобело