Бањарка или стилски погодок – Што мислите за последниот моден избор на Ирина Шајк?
- Детали
- вторник, 16 февруари 2021
Во текот на карантинот и целата социјална изолација, Ирина Шајк ја видовме во повеќе храбри, па дури и необични изданија, но нејзиното објаснување има логика.
„Пред пандемијата облекував обична, удобна гардероба, но сега ми недостасуваат забавите и случувањата, па сакам да се забавувам со уличниот стил.
Во мојот гардеробер има многу различна облека. Кога не знам што да облечам за шетање, облекувам нешто црно како основа, а преку тоа облекувам нешто во силни бои, бидејќи тоа ми помага во поткревање на расположението“ - раскажува прекрасната Ирина.
Токму такво е и нејзиното последно појавување - облечена во омилените зимски чизми и целосно црн аутфит, надополнет со мек капут во бојата на годината - силна жолта.
И додека многумина овој аутфит го гледаат како да излегла да шета по бањарка, други го сметаат за моден погодок.
Дефинитивно не останува незабележана низ улиците на Њујорк:
М. Д. | Црнобело