Џеј Ло во лежерен, бел фустан и огромни штикли на романтичен состанок со Алекс (фото)

Со елегнатен долг бел фустан и чанта со впечатлив дезен, Џеј Ло изгледа одлично на фотките направени пред луксузен хотел во Мајами, иако многумина не се сигурни за изборот на чевли.

moden-pogodok-dzhej-lo-vo-dolg-bel-fustan-na-romantichen-sostanok-so-aleks-01.jpg

51-годишната Џеј Ло и 45-годишниот Алекс Родригез беа забележани како излегуваат од луксузен хотел во Мајами, наводно после романтичен ручек, а пејачката изгледаше одлично.

Џеј Ло носеше долг, елегантен, бел фустан со проѕирни ракави, како и бели чевли со многу висока потпетица, за кои има поделени мислења.

Комбинацијата ја дополнила со чанта со впечатлив дезен и едноставен накит, а косата ѝ беше собрана во неуредна пунџа.

moden-pogodok-dzhej-lo-vo-dolg-bel-fustan-na-romantichen-sostanok-so-aleks-02.jpg

moden-pogodok-dzhej-lo-vo-dolg-bel-fustan-na-romantichen-sostanok-so-aleks-03.jpg

Алекс, од друга страна, одбрал поедноставна облека – сива маичка, фармерки и патики.

moden-pogodok-dzhej-lo-vo-dolg-bel-fustan-na-romantichen-sostanok-so-aleks-04.jpg

Според некои извори, пејачката треба да оди во Доминиканска Република каде што ќе работи на нов проект, па парот решил порано да го обележи Денот на вљубените.

Деновиве парот привлече внимание откако Џеј Ло изјави дека заедно со Алекс оделе на „терапија за парови“ за време на пандемијата.

„Мораме да работиме на нас. Одевме на терапија и мислам дека многу ѝ помогна на нашата врска“, изјави пејачката.

Наводно, најголем проблем им било тоа што не можеле да си го услогласат темпото на живот - Алекс, за разлика од Џеј Ло, не сакал многу динамично темпо, а ова дошло до израз со пандемијата.

„Ми недостасува да бидам креативна и постојано да правам нешто. Но Алекс само ми рече ’Го сакам ова. Сакам да сум дома. Си ги сакам Zoom повиците. Сакам што децата се постојано дома‘“.

moden-pogodok-dzhej-lo-vo-dolg-bel-fustan-na-romantichen-sostanok-so-aleks-05.jpg

Џеј Ло и Алекс ја почнаа врската во февруари 2017-та, а се верија во 2019-та. Минатата година планираа да прават и венчавка, но мораа да ги одложат плановите поради пандемијата.

Неодамна, пак, Џеј Ло изјави дека после многу размислување, постои можност воопшто да не направат свадба.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Која е 23-годишната девојка што се појави по гаќи и чуден градник на MTV VMA 2024? На синоќешното одржување на MTV VMA наградите, покрај многуте добри и лоши стајл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg