Џастин Бибер – видео со најмногу „дислајкови“: Славни личности кои имаат срушено светски рекорди
- Детали
- вторник, 09 февруари 2021
Славните кои се најуспешни во својата област имаат срушено и по неколку светски рекорди, а постојат и оние кои срушиле светски рекорд за нешто сосема поразлично од нивната кариера.
Па така, додека Бети Вајт го држи рекордот за најдолга телевизиска кариера, Снуп Дог го држи рекордот за најголемиот направен коктел.
Во продолжение погледнете кои славни личности се рекордери:
Двејн Џонсон
Во 2017-та, актерот и тимот од неговата продукциска куќа Seven Bucks Digital Studios го срушија рекордот за најголем намаз, односно сос за чипс. Сосот од неколку слоеви беше направен во аквариум, тежеше 244 килограми, а им биле потребни повеќе од 5 часа за да го направат.
Во 2015-та, пак, актерот го сруши рекордот за правење најмногу селфиња во 3 минути – дури 105. Досега се срушени и двата рекорди.
Џастин Бибер
Џастин Бибер го држеше рекордот за YouTube видео со најмногу „дислајкови“ - спотот за песната Baby досега има 12 милиони „дислајкови“.
Но, Џастин има и неколку импресивни рекорди, како најгледан музички канал на YouTube и најмлад соло артист со 5 албуми кои се искачиле на врвот на топ-листите во САД.
Бијонсе
Пејачката има срушено неколку рекорди – најмногу освоени Греми награди од женски артист во една година, најмногу номинации на MTV Music Video Awards, како и најмногу Греми номинации за женски артист. Со Џеј Зи, пак, го држат рекордот за најмногу освоени Греми награди од страна на брачен пар.
Бети Вајт
Незаменливата Бети Вајт го држи рекордот за најдолга телевизиска кариера, во категоријата за жени. Бети ја започна кариерата во 1939-а, а активна е и денес.
Снуп Дог
Раперот го држи рекордот за најголемиот „Парадајс“ коктел. Тој го направи коктелот со 180 шишиња џин, 156 шишиња ликер од праска и 28 трилитрски шишиња сок од портокал.