„Бос танцува на маса дома“ - Џанлука Ваки откри како изгледа неговата семејна идила
- Детали
- вторник, 09 февруари 2021
„Во животот треба да се биде благодарен, па јас сакам да ги славам малите моменти и да ги правам специјални“ е пораката на харизматичниот Џанлука Ваки.
Неодамна Џанлука Ваки позираше со партнерката Шерон Фонсека и нивната ќеркичка во стајлинзи со леопардски дезен. Дефинтивно само тие можат да „износат“ вакви стајлинзи.
Потоа, Шерон откри дека нивната ќерка наполнила 3 месеци и дека не ѝ се верува дека со раѓањето на Јерусалема како сите соништа да ѝ се исполниле.
Џанлука објави забавно танцувачко видео на кое тој наздравува со својата сакана, па се качува на маса и танцува. Ова видео е доказ дека нивната семејна идила е составена од емотивни мигови со прегратки, но и забава секојдневно.
Неговата порака е:
„Во животот треба да се биде благодарен, па јас сакам да ги славам малите моменти и да ги правам специјални.“
С. С. | Црнобело