„Луѓето немаат пари за лекар“: Криси Тајген мета на критики – случајно купила вино од 13.000 долари
- Детали
- четврток, 04 февруари 2021
Криси Тајген стана мета на критики откако на Твитер откри дека со Џон нарачале вино по препорака на келнер во ресторан, а дури кога стигнала сметката виделе дека мора да платат 13.000 долари за него, но таа не остана рамнодушна на коментарите.
Иако фановите ја сакаат Криси Тајген поради нејзината искреност на социјалните мрежи, една неодамнешна објава ја прикажа во лошо светло.
Најпрво Криси објави твит во кој ги прашува следбениците кое е најскапото нешто што го јаделе, но за коешто сметале дека е ужасно. Набрзо потоа, сподели нејзина слична приказна:
„Еднаш Џон и јас бевме во ресторан и келнерот ни препорача вино од сортата Каберне. Кога ја добивме сметката видовме дека е 13.000 долари. Како може туку-така да препорачаш такво вино. Не го ни допивме, а го плативме!“
one time john and I were at a restaurant and the waiter recommended a nice Cabernet. We got the bill and it was 13,000 dollars. HOW DO U CASUALLY RECOMMEND THAT WINE. we didn’t even finish it and it had been cleared!!!
— chrissy teigen (@chrissyteigen) February 3, 2021
Поради ситуацијата со пандемијата, огромен број луѓе останаа без работа и се соочени со сиромаштија, па, фановите почнаа да ја критикуваат Криси.
„Дали закрепна од ова? Во меѓувреме, луѓето тонат во долгови, ги губат нивните домови и не можат да платат за лекар“.
„Вие случајно сте купиле вино од 13.000 долари, додека луѓето не можат да платат ни за лекарски преглед“.
„Сигурен сум дека никогаш сум немал 13.000 долари на сметка, но одлична приказна Криси!“
Некои, пак, му се восхитуваат на келнерот бидејќи успеал да го натера богатиот пар да направи висока сметка:
„Ако ги служиш Криси и Џон во ресторан, а не успееш да ги натераш да направат голема сметка, тогаш не си ја работиш работата како што треба“.
„Кога ќе помине пандемијата, сакам да се ракувам со келнерот што ги натерал Криси и Џон да купат вино од 13.000 долари“.
„Јас би им наплатил и за водата од чешма“.
Нормално, многумина почнале и да се шегуваат:
„И јас бев во слична ситуација. Еднаш со семејството бевме во продавница за која пишуваше дека сè чини по 1 долар. Не знаете колку се засрамив кога сфатив дека некои работи чинат и по 2-3 долари“.
Chrissy Teigen and John Legend after accidentally drinking a 13k bottle of wine pic.twitter.com/bbNPp2tI5v
— Guy P. Football (@Guy_P_Football) February 3, 2021
Бидејќи твитот на Криси стана вирален, моделот мораше да се одбрани:
„Не може да се пронаоѓате во сè што споделувам на Твитер, бидејќи ова е мој живот, мој профил и мои приказни. Ги читам вашите твитови, ви ги сфаќам шегите, многу сте смешни и да, ми кажавте каде ми е местото“.
Потоа Криси сподели дека деновиве ќе било породувањето со Џек доколку немаше спонтан абортус, па се чувствувала навистина лошо. Истовремено, им порача на фановите дека можат слободно да се шегуваат на нејзина сметка ако тоа им е забавно.
Спирова С. | Црнобело