Како изгледа кога Кајли Џенер ќе направи „скромна“ забава – фотки од прославата на 3-иот роденден на ќеркичката
- Детали
- вторник, 02 февруари 2021
Кајли Џенер изјави дека не штедела и го дала најдоброто од себе за да ѝ организира роденденска забава на малата Сторми, притоа почитувајќи ги рестрикциите поради пандемијата, а според фотките од роденденот, одлично ја реализирала нејзината замисла.
Поради пандемијата, Кајли Џенер не беше во можност да направи огромна роденденска забава за Сторми како минатата година, но сепак се потрудила да го обележи важниот ден на 3-годишното девојче.
23-годишната Кајли сподели неколку фотки и видеа на Инстаграм стори, покажувајќи како изгледала прославата на која присуствувале само братучетките на Сторми и најблиските членови од семејството.
„Големата забава е откажана од очигледни причини. Но, сепак направив прослава за Сторми дома, на која присуствуваат само нејзините братучетки и семејството“, изјави таа во едно од видеата.
За прославата, малата Сторми беше облечена во розово фустанче и круна, а целиот дом беше украсен со балони. Кајли се потрудила да набави и огромна лизгалка со ликот на Сторми, како и кочија направена од балони.
Покрај братучетките на Сторми, на забавата беа присутни и сестрите на Кајли, кои не ја испуштија можноста да ја пофалат младата мајка за декорациите.
„Ќе ми недостасуваат малите нешта, како твојот сладок глас. Тоа што те гледав како пробуваш нови работи беа најдобрите делови од изминативе неколку години. Но од друга страна, возбудена сум што гледам како растеш во најубавото девојче и се надевам дека ќе ги постигнеш сите неверојатни нешта што ги сакаш. Среќен роденден на моето малечко!“, напиша Кајли во објавата за својата ќеркичка.
https://www.instagram.com/p/CKwZZm8H_K1/
Фотки од роденденот на малата Сторми:
Спирова С. | Црнобело