Ким Кардашијан со сестрите на одмор од соништата на Туркс и Кајкос - вилата чини 5.000 евра од ноќ (фото)
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2021
Сестрите како да се натпреваруваат која ќе објави најпровокативни фотки од одморот, но сепак нивната пријателка Анастасија Караниколау „издоминира“ со облините и танга бикините.
Ким Кардашијан одлучи да ги остави на страна проблемите во бракот со Канје Вест и со своите сестри да замине на „женско патување“, односно на одмор на егзотична дестинација.
Ким со Кајли, Клои и Кортни отиде на летување на Туркс и Кајкос од каде сестрите прикачуваат навистина провокативни фотографии. 40-годишната Ким со себе ги носи и ќерките, а од сестрите недостига само Кендал Џенер.
Инаку, на патувањето со нив е и нивната подеднакво провокативна пријателка Анастасија Караниколау.
https://www.instagram.com/p/CKudggLlCbb/
Тие престојуваат во вила со 11 спални, со приватна плажа, која чини 5.000 евра од ноќ.
Фотки од нивниот одмор:
https://www.instagram.com/p/CKuGRE3hIdI/