Дијамантскиот прстен на раката на Меган Фокс „разгори“ гласини - Дали новото момче ја запроси?
- Детали
- петок, 29 јануари 2021
Тие се луди еден за друг од самиот почеток на врската, која се потврди дека започнала уште додека Меган беше во брак со нејзиниот сопруг Брајан - дали по неколку месеци врска тие решија да ја крунисаат нивната љубов?
Деновиве Меган Фокс и нејзиното ново момче, Машин Ган Кели, беа забележани во Њујорк, а она што привлече најмногу внимание е прстенот на раката на актерката.
34-годишната актерка и нејзиното 30-годишно момче се подготвуваа да одат на пробно снимање за Saturday Night Life, а додека го чекаа автомобилот, папараците направиле неколку фотки, на кои се гледа голем дијамантски прстен на раката на Меган.
Парот е заедно од пролетта минатата година, кога Меган се раздели со нејзиниот тогашен сопруг Брајан Остин Грин, со кого има три деца. Уште на почетокот на врската со Машин Ган Кели, извори блиски до парот тврдеа дека тие се „луди“ еден за друг и нивната врска е навистина сериозна.
Подоцна и самата Меган сподели дека таа и нејзиното ново момче не се сродни души, туку „две половини од една душа“. Само неколку месеци откако ја почнаа врската, Меган ги запозна и децата со нејзиното ново момче.
Кон крајот на 2020-та, извор близок до парот сподели дека и двајцата не ја исклучуваат можноста за брак:
„Кели и Меган се согласуваат одлично. Кели дефинитивно се надева на брак со Меган, а неговите пријатели се 100% сигурни дека тоа ќе се случи следната година“.
Па, останува да чекаме парот да потврди дали навистина го направиле следниот чекор во нивната врска.
Спирова С. | Црнобело