Шакира за стриите на задникот и уште 7 исповеди на познати дами за стриите на телото
Лејди Гага
„Стриите на моите гради ми се појавија многу рано и долго време се срамев да носам маички со отворено деколте. И потоа си реков стриите нема да исчезнат, па сега да го живеам животот без никогаш да облечам фустан со деколте? И престанав да се грижам за нив. Ако не ви се допаѓа, не гледајте.“
Џенифер Лопез
„Во едно интервју ме прашаа зошто не ги отстранувам стриите за така моето тело да биде совршено. Јас им одговорив дека мразам совршеност.“
Скарлет Јохансон
„Не се грижев за стриите сè додека една пријателка не ме праша што планирам да направам со нив. Отсекогаш верував дека тие се природна работа и секој ги има. Обично на моите фотографии фотографите ги прекриваат со Фотошоп, но јас навистина не сум загрижена за нив.“
Шакира
„Имам стрии на задникот и фотографите обожаваат да прават папарацо фотки од нив. Но што е со стриите? Што сум јас, кукла? Не ли сум жена?“
С. С. | Црнобело