Шакира за стриите на задникот и уште 7 исповеди на познати дами за стриите на телото
- Детали
- среда, 27 јануари 2021
Лејди Гага: „Стриите на моите гради ми се појавија многу рано и долго време се срамев да носам маички со отворено деколте. И потоа си реков стриите нема да исчезнат, па сега да го живеам животот без никогаш да облечам фустан со деколте? И престанав да се грижам за нив. Ако не ви се допаѓа, не гледајте.“
Среде сето тоа нереално совршенство кое ни се презентира на Инстаграм, овие познати дами се вистинско освежување.
Тие се искрени околу своите мани, не ги кријат, ниту пак се одлучуваат да ги коригираат со пластични операции.
Природното е убаво е нивната порака.
Познати дами што не ги кријат маните:
Хали Бери
„Имам видливи стрии на половината, но не ги коригирам со ласер или други технологии. Не мислам дека стриите се ужасни, ниту брчките и другите природни знаци на стареење“.
Криси Тајген
„Имам стрии од внатрешната страна на нозете, иако мојата кожа никогаш не била растегната таму. Сакам да испратам порака до девојките дека стриите едноставно се појавуваат без причина, ниту поради бременост, ниту поради тежина, ниту поради животен стил.“
Рис Витерспун
„Прекриена сум со стрии и целулит, но тоа не ми пречи. Моето тело никогаш нема да биде повторно исто, но тоа е во ред, тоа е живот.“
Кејт Винслет
„Убедена сум дека актерките не треба да прават пластични операции, да ставаат ботокс или да ги острануваат стриите, во спротивно, како убедливо ќе глумат улоги на обични луѓе?“