„Целиот мој живот во една слика“ - совршени семејни фотки на Џанлука Ваки и Шерон Фонсека
- Детали
- петок, 15 јануари 2021
Има некоја посебна магија во ова семејство, тие зрачат и шират убава енергија на Инстаграм со сите тие изјави на љубов, хармонични семејни фотки и танцувачки видеа.
„Целиот мој живот во една слика... ништо не би додал’, напиша Џанлука Ваки во описот на прекрасната семејна фотографија што ја објави со својата сакана Шерон Фонсека и нивната ќеркичка Блу Јерузалема.
Потоа и на Инстаграм Стори изрази љубов кон својата партнерка пишувајќи дека никогаш не видел толку убава, елегантна и природна убавица како неа и на крај додаде „Те сакам моја кралице“.
Од друга страна пак, Шерон ја сподели истата фотографија од себе шегувајќи се дека станала креативна со начинот на собирање на косата, затоа што очигледно и таа, како и сите мајки на мали бебиња, нема доволно време за редовно миење и нега на косата.
И Шерон објави фотографија со својата ќеркичка и напиша:
„Ја учам да се смее уште од самиот почеток. Мислам дека личи на моја мини верзија, со карактерот на Џанлука“.
Повеќе нови фотки и видеа од парот:
С. С. | Црнобело