Џиџи Хадид го покажа рамното стомаче – првпат во тесна облека, 4 месеци по породувањето
- Детали
- вторник, 12 јануари 2021
Џиџи Хадид прошета низ Њујорк со ќеркичката, носејќи црни хеланки кои го истакнаа нејзиниот рамен стомак, само четири месеци после породувањето. Ова е првпат да ја видиме Џиџи со тесна облека во јавност откако ја роди ќерката.
25-годишниот модел излезе во Њујорк со црни хеланки кои одлично го покажуваа нејзиниот рамен стомак, само четири месеци после породувањето.
Џиџи беше на прошетка со детето, додека купувала работи за 57-иот роденден на нејзината мајка, Јоланда Хадид.
Потоа моделот сподели и фотографии од прославата во домашна атмосфера.
„Вечерва го прославивме роденденот на мама“, стои во описот на објавата.
Младиот модел редовно излегува во јавност со ќерката, но секојпат е „маскирана“ - покрај задолжителната заштитна маска за лице, таа секогаш носи многу широка облека.
Сега, Џиџи првпат се појавува во јавност со тесна облека и покажува дека е во топ форма, без разлика што поминаа едвај четири месеци откако се породи.
Околу еден месец после породувањето Џиџи сподели селфи на Инстаграм со кое ги повика фановите да гласаат на претседателските избори во САД, а фановите веднаш почнаа да коментираат дека изгледа одлично.ж
Потоа сподели уште неколку фотки од нејзината маска за Ноќта на вештерките, а на една од нив ги покажува нозете и рамниот стомак, па веројатно Џиџи немала проблеми со вишок килограми после бременоста.
Џиџи и Зејн Малик го добија првото дете во септември и одлучија да го кријат неговиот лик. Досега Џиџи има споделено неколку фотки со него, но на ниту една не се гледа неговото лице.
Зејн, пак, има споделено само една фотка со ќеркичката – на денот кога се роди.
https://www.instagram.com/p/CFgP88Ml0NF/
Спирова С. | Црнобело