Кендал со кроп-топ на снег, Крис со „кич“ аутфит, а Кајли со бујно деколте – Уживаат во Аспен предновогодишно
- Детали
- четврток, 31 декември 2020
Кендал и Кајли Џенер, заедно со мајка им Крис, веќе неколку дена се во Аспен, Колорадо, каде што ќе ја дочекаат Нова година. Сестрите беа на шопинг во Prada, Кајли ги изненади фановите со провокативна фотосесија на Инстаграм, а Крис дефинитивно привлече најмногу внимание со нејзината „кич“ комбинација.
Дел од Кардашијан-Џенер семејството ќе ја прославуваат новогодишната ноќ во Аспен, Колорадо, и веќе пристигнаа таму, а папараците направија неколку фотки од нив.
За 25-годишната Кендал Џенер ниските температури не претставуваат проблем, па таа излезе во градот со кроп-топ на снег, а Кајли со неа си го земала фотографот.
По слетувањето, сестрите се опремија со ски-опрема и се упатија кон еден од скијачките центри.
Кајли ги почести фановите и со провокативна фотосесија од базен. 23-годишната богаташка носи минијатурни бикини, а во преден план е нејзиното бујно деколте.
https://www.instagram.com/p/CJcMIRYHuUd/
https://www.instagram.com/p/CJb1RZsnpi8/
Двете сестри беа и на шопинг во Prada, каде што им се придржи нивната мајка Крис Џенер. Во комбинацијата на Кајли повторно доминираше белата боја, додека Кендал беше облечена во црно од глава до пети.
Но, мајка им дефинитивно привлече најмногу внимание – Крис носеше чудни тренерки со ѕвезди, чизми со многу крзно, бел капут и необична зимска капа.
Спирова С. | Црнобело