Кајли Џенер плаќа 400.000 долари месечно само за обезбедување - на што друго ги троши парите?
- Детали
- среда, 23 декември 2020
Кајли Џенер троши и до 400.000 долари месечно за обезбедување, а наводно, нејзиното семејство почнало да се грижи за неконтролираното трошење на младата богаташка.
Според Кејтлин Џенер, Кајли троши и до 400.000 долари месечно за обезбедување. Ако информациите на Кејтлин се точни, тоа значи дека Кајли троши 4,8 милиони годишно само за обезбедување.
Кејтлин изјави и дека ѝ е жал што нејзините деца мораат толку многу да се грижат за безбедноста, но наводно нив тоа не им претставува проблем:
„Отсекогаш го прават тоа. Сакаат кога има обезбедување околу нив“.
Не само Кајли, туку целото нејзиното семејство го засили обезбедувањето откако Ким Кардашијан беше ограбена во Париз пред некоја година. Овој настан премногу ги исплашил, па дури и ги натерал да размислат за нивниот начин на живот и фалењето за богатството.
Крис Џенер вели:
„Сега не само што имаме големо обезбедување, туку сите телохранители се вооружени и со лиценца и доаѓаат од најдобрите компании“.
Можеби трошењето на обезбедување е разбирливо кога ќе ја земете предвид положбата на Кајли, но наводно нејзиното семејство било загрижено за неконтролираното трошење на младата богаташка.
Пред некој месец се појавија информации дека за помалку од една година, Кајли успеала да потроши неверојатни 130 милиони долари. Еден од нејзините големи трошоци на Кајли е нејзината колекција Birkin чанти, чија цена се движи од неколку илјади, до половина милион долари.
Во периодот кога ги потрошила 130-те милиони долари, Кајли купи приватен авион за кој се верува дека платила помеѓу 50 и 70 милиони долари, како и барем пет куќи кои чинат од 3 до 36 милиони долари.
Само за одржување на приватниот авион, Кајли одвојувала 5 милиони годишно, а платила и висока сума за да ја среди внатрешноста по нејзин вкус. Младата богаташка има и импресивна колекција автомобили, во која најевтиниот чини 200.000 долари.
Кајли сака да троши и за нејзините блиски, па редовно им купува подароци кои чинат цело богатство. Неретко, таа е мета на критики поради подароците што ѝ ги купува на нејзината ќерка – малата Сторми има брендирани чанти кои чинат и до 100.000 долари, носи облека само од познати дизајнери, има дијамантски накит, а нејзината количка чини 12.500 долари.
Очигледно, Кајли не штеди и кога станува збор за изгледот. Според изворите, таа често купува перики од познат фризер кои достигнуваат цена до 5.000 долари и редовно посетува многу скапи салони за убавина - само за маникир плаќала и по неколку стотици долари.
И покрај тоа што Кајли „тежи“ речиси 1 милијарда долари, нејзиното трошење навистина изгледа неконтролирано и веројатно семејството е загрижено со причина.
Спирова С. | Црнобело