Планинарење „со стил“ – Криси Тајген пешачи во костим за капење на луксузен одмор
- Детали
- среда, 23 декември 2020
Криси Тајген и Џон Леџенд се на одмор на островот Свети Вартоломеј, а моделот повторно е во центарот на вниманието со одлуката да пешачи по шумски патеки во костим за капење со деколте.
После загубата на нивното синче, Криси Тајген и Џон Леџенд заслужија одмор, а парот моментално е на францускиот остров Свети Вартоломеј.
Парот беше забележан на прошетка низ островот, заедно со уште неколку пријатели, а секако Криси е повторно во центарот на вниманието со чудниот избор на „облека“.
35-годишниот модел пешачи низ шумски патеки облечена во костим за капење со деколте, кое ѝ го крие марама - необичен аутфит за планинска прошетка.
Инаку, на островот можат да одат само луѓе кои имаат негативен тест за корона вирусот. Ако, пак, не направиле тест, туристите се тестираат на островот и остануваат во карантин дури не добијат резултат.
Ако туристите останат на островот подолго од една недела, ќе мора да направат уште еден тест.
Кон крајот на септември Криси и Џон го изгубија нивниот син Џек, а пред патувањето Криси сподели и видео кое го снимала откако се вратила од психијатар.
Во видеото објавено на Инстаграм Стори, Криси низ солзи изјави дека уште се справува со тагата и покажа како изгледа нејзиното лице после терапија.
Спирова С. | Црнобело