Има среќна врска, не верува во брак - Се сеќавате ли на заводникот Хектор од Руби? (фото)
- Детали
- петок, 01 јануари 2021
Се сеќавате ли на заводникот Хектор, кој Руби сакаше да ѝ го „украде“ на својата пријателка Марибел? Денес тој има 45 години, уште зрачи со шарм и сексапил, има девојка, но не верува во брак и велат дека засега не планираат деца.
Мексиканската серија Руби беше хит во 2004-та, а сите возбудено ја пратеа приказната за младата девојка која сака да си најде богат маж, а за да успее, целта ѝ е да го „украде“ вереникот на другарката Марибел.
Вереникот на Марибел беше Хектор, а неговата улога ја глумеше аргентискиот актер и модел Себастијан Рули.
Русокосиот заводник ја шармираше женската публика, а 16 години подоцна, тој уште изгледа неодоливо.
Со густа коса, сини очи, блескава насмевка и згодно тело, Себастијан освојува женски срца, но неговото припаѓа само на неговата девојка, моделот Анжелик Бојер.
Тие се заедно од 2014-та, а таа има изјавено дека не ѝ се верувало дека ќе го привлече неговото внимание, бидејќи се многу различни.
„Тој е супер дисиплиниран. Јаде тоа што треба да се јаде, а јас знам одеднаш да одам да земам такоси или нешто слично. Се грижам за себе, но не колку него. Тој има дисциплина и му се восхитувам.“ – изјавила девојката во едно интервју.
Иако врската им е сериозна, тие немаат во план да „рипнат во тавче“, а засега немаат ниту планови за деца, бидејќи имаат други планови и ангажмани со кариерата.
„Секогаш сме разговарале за тоа со Анжелик отворено. Верувам дека целта на животот не е потписот и бракот не може да смени нешто. Не верувам во овие улоги, туку во љубовта.“ – изјавил Рули.
Фотки од аргентинскиот заводник:
М. М. | Црнобело