Aнџелина Џоли, без шминка, на шопинг со ќерка ѝ – Захара порасна во прекрасна млада девојка
- Детали
- вторник, 22 декември 2020
Анџелина Џоли беше забележана со ќерка ѝ Захара во Лос Анџелес, како шетаат низ продавниците во градот и се подготвуваат за претстојната празнична сезона.
Во САД за само неколку дена се прославува Божиќ, па скоро сите луѓе се зафатени со празничен шопинг. И Анџелина Џоли беше забележана како шета низ Лос Анџелес, и тоа заедно со ќерка ѝ Захара.
45-годишната актерка носеше долг црн капут, црни чизми и црна чанта, а лицето ѝ беше покриено со марама со црна и жолта боја.
15-годишната Захара, пак, носеше темносин блузон, црни панталони и црна маска за лице. Захара е едно од шесте деца на Анџелина Џоли и беше посвоена во 2005 од Етиопија. Малото девојче веќе порасна и се претвора во прекрасна млада девојка.
Покрај Захара, Анџелина е мајка на 19-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен.
После разделбата со Бред Пит, децата поголемиот дел од времето го минуваат со Анџелина. Актерите уште водат судска битка и наводно Анџелина сака целосно старателство над децата, додека Бред сака заедничко.
Најголем проблем е што актерите не се согласуваат за скоро ништо во врска со нивните деца, како место на живеење и образование.
Истовремено, Џоли смета дека Бред има лошо влијание врз децата и не планира да се откаже од намерата да добие целосно старателсво.
Прочитајте и Зачната при силување, посвоена на 6 месеци: 15 факти за Захара, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит
Спирова С. | Црнобело