Згодната Џорџина Родригез позира покрај елка, само по боди и папучи од 1.000 евра
- Детали
- понеделник, 14 декември 2020
Џорџина Родригез ги изненади фановите со секси новогодишна фотосесија во домот, облечена во црвено боди и по папучи, позира покрај накитената елка.
Девојката на Кристијано Роналдо сака да објавува фотки од нејзиното секојдневие, кое најчесто го поминува заедно со четирите деца.
26-годишната убавица често ја гледаме и на фотосесии за соработка со брендови, а обожава и да се фали со своето згодно тело, кое го одржува во топ форма.
Овојпат Џорџина ги покажа новогодишните декорации во домот и елката накитена во златни и сребрени бои, но како и секогаш, искористи прилика да позира во разголено издание.
Облечена само во црвено боди и Louis Vuitton влечки, кои вредат околу 1.000 евра, Џорџина позира легната на кауч покрај елката во домот.
М. М. | Црнобело