Само Ким Кардашијан се осмелува да носи фустан со нејзиниот лик (фото)
- Детали
- четврток, 03 декември 2020
Ким Кардашијан е една од ретките што има храброст да се појави во фустан со нејзиниот лик испринтан. Љубовта кон себе изгледа е огромна...
Ким Кардашијан навистина знае да изненади со нејзиниот чуден избор на облека, а истото го направи и сега.
40-годишната ѕвезда објави неколку фотографии на кои носи фустан со огромен принт од нејзиното лице.
Според описот на објавата, фотографиите се направени како дел од фотосесијата за роденденската колекција од брендот за шминки на Ким.
„Фотосесија за роденденската колекција. Го сакав овој ден!“
Потоа Ким нагласува дека најважното нешто на фотографиите е виолетовата сенка со којашто е нашминкана.
„Забавен факт… додека растев мојата соба беше уредена со боја на лаванда и виолетовата отсекогаш ми била убава боја, па затоа сакав мојата роденденска колекција да ја има најубавата виолетова палета“.
Колекцијата шминки на Ким навистина беше пуштена во продажба на 21 октомври – денот на нејзиниот роденден.
Сепак, изгледа фустанот со нејзиниот лик не е за продажба и е направен само за фотосесијата. На една фотографија се познава дека фустанот е направен од големо парче материјал на кое е испринтан нејзиниот лик, а фустанот не е ни зашиен, туку прицврстен со штипки.
Сега останува уште да ги видиме фотографиите од фотосесијата.
Претходно, ријалити ѕвездата сподели уште неколку фотографии со кои ја најавува празничната колекција од нејзиниот бренд.
На фотографиите Ким носи бело боди, бели хулахопки и сребрени чизми за снег, а косата ѝ е собрана во плетенка.
Спирова С. | Црнобело