Ирина Шајк шета со ќеркичката и го игнорира новото момче Вито Шнабел?
- Детали
- четврток, 03 декември 2020
Дали е случајност што плејбојот и бивш партнер на Хајди Клум и Амбер Херд трча токму пред домот на Шајк? Ирина го игнорира, но изгледа како парот веќе со месеци да ја крие својата врска.
Ирина Шајк (34) ја шеташе ќерката Леа во Њујорк во близина на нејзиниот дом. Двете беа опремени за студените декемвриски денови.
Со месеци кружат гласини дека Ирина е во врска со плејбојот и трговец со уметнички дела Вито Шнабел, кој беше фотографиран со неа уште летото.
Но ѕвездата изгледаше како да не му обрнува многу внимание кога тој мина крај неа, спортувајќи.
Папарацо фотографите ја уловија случајната средба на Ирина и Вито, но таа само го одмина. Дали му е лута, не го препознава со капчето или едноставно не сака медиумите да знаат за нивната врска, останува да видиме.
С. С. | Црнобело / Фото извор: dailymail.co.uk