„2020-та како фотографија“ - Ким Кардашијан изненади со „несовршена“ фотка на Инстаграм
- Детали
- понеделник, 30 ноември 2020
Среде совршено исценираните фотки на Ким Кардашијан, конечно нешто природно и реално... Хаос ист каков што ни приреди оваа 2020-та, се пошегува таа.
Ким Кардашијан е кралица на социјалните мрежи со совршено исценирани фотографии. Но, овојпат таа сакаше да покаже дека е сосема „обична“ мајка на 4 деца која се соочува со хаотична атмосфера во домот.
Очигледно претешка е мисијата да се направи совршена празнична фотографија со темпераментни деца.
Ким на фотката се обидува ќерка си Норт да ја натера да соработува со нејзината братучетка Пенелопе.
Но, процесот исполнет со тепање, карање и солзи ја потсети на 2020-та, па на Инстаграм таа се пошегува во описот на фотографијата: „2020-та како слика“.
Да се види вака природна и „несовршена“ фотографија на Инстаграм профилот на Ким е навистина освежувачки.
Искрен приказ на родителските маки, а и презаситеноста од оваа 2020-т, зарем не?
Искрено оваа фотографија е вистински приказ на нашето расположение во 2020, како што Пенелопе и Норт едвај чекаат да заврши фотографирањето, ние едвај чекаме годинава да заврши.