„Овде никој не може да биде тажен“ – Новак Ѓоковиќ и семејството на идилична прошетка во Националниот парк Тара во Србија (фото)
- Детали
- сабота, 28 ноември 2020
Јелена, сопругата на светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, сподели неколку прекрасни фотографии на Instagram од нивната семејна прошетка во Националниот парк Тара во Србија.
За описот, Јелена се инспирирала од натписите што се поставени на дрвјата низ паркот:
„Среќен е оној што може да го разбере јазикот на шумата“; „Овде никој не може да биде тажен“
Јелена додала и свој опис:
„Тара. Волци, диви кози, оморики … но една е бестрашната Тара“.
Сопругата на Новак го напишала истиот текст и на англиски, додавајќи дека планината им нуди засолниште на сите.
На една од фотографиите се гледа целото семејство, заедно со нивното куче, а останатите се неверојатни пејзажи од националниот парк и 2-3 фотографии од интересните натписи на дрвјата.
Новак и Јелена се венчаа во 2014 година и имаат две деца – синот Стефан и ќеркичката која има исто име како планината и националниот парк, Тара.
Спирова С. | Црнобело