Џеј Ло и Линда Лопез – славни жени кои си личат со нивните сестри
Џенифер и Линда Лопез
Познатата дива има помлада сестра, Линда, која можеби не е ѕвезда, но сепак е успешна жена. Линда е новинарка и коосновач на продукциската компанија Nuyorican Production.
Џесика и Ешли Симпсон
Слично како Соланж, и Ешли Симпсон ја почна кариерата како танчарка за нејзината сестра Џесика. Потоа Ешли тргна по стапките на сестра ѝ и изгради соло кариера како музичар.
Иако Џесика е дефинитивно поуспешна од Ешли, двете сестри постојано се поддржуваат една со друга.
Пенелопе и Моника Круз
Моника Круз е помладата сестра на Пенелопе и неверојатно е колку си личат една со друга.
И Моника почна да гради актерска кариера – се појави во неколку филмови и серии – но не успеа да го повтори успехот на сестра ѝ. Сепак, тие две се многу блиски:
„Многу често ѝ ја крадам облеката. Само ќе ѝ речам ’Ќе го земам ова‘ и толку“, има изјавено Моника.
Зои и Емили Дешанел
Зои и Емили често се споредувани, без разлика дали по изгледот или успехот во филмската индустрија. Додека Зои најчесто прави филмови, Емили се прослави со улогата во серијата Bones.
Спирова С. | Црнобело