Џеј Ло и Линда Лопез – славни жени кои си личат со нивните сестри
- Детали
- сабота, 12 декември 2020
Многу славни имаат браќа, сестри или други роднини кои се дел од шоу-бизнисот, а неретко се засенети од нивниот успех.
За некои славни целосно забораваме дека се роднини бидејќи и двајцата изградиле импресивни кариери.
На пример, Ел и Дакота Фенинг се одлични актерки кои ја почнаа кариерата уште во детството, но многумина забораваат дека тие се сестри.
Џеј Ло, пак, има сестра која премногу наликува на неа, но речиси и да не слушаме за неа бидејќи немала желба да биде славна.
Погледнете ги славните жени и нивните сестри кои премногу личат на нив:
Ел и Дакота Фенинг
Двете сестри се прославија со истиот филм – I am Sam. Додека главната улога ѝ припаѓаше на Дакота, Ел ја глумеше помладата верзија на истиот лик.
Потоа и двете девојки изградија кариера во филмската индустрија, а како што растеа, сличностите меѓу нив стануваа повеќе од очигледни.
Бијонсе и Соланж Ноулс
Биејќи имаат различни стилови, на почетокот можеби нема да ја забележите сличноста, но Бијонсе и Соланж многу личат една на друга.
Тие отсекогаш биле блиски, а Соланж беше и танчарка за Destiny‘s Child – бендот што ја прослави Бијонсе.
Хилари и Хејли Даф
Иако веќе не е толку активна, сите знаеме која е Хилари Даф. Но знаевте ли дека таа има сестра која исто така беше актерка?
Хејли, која многу личи на сестра ѝ, реши да се фокусира на семејството, па се откажа од глумата. Оттогаш таа има издадено книга за готвење, а работи и на модна колекција за деца.
Систин и Софија Сталоне
Систин и Софија се ќерки на Силвестер Сталоне и моделот Џенифер Флавин и се обидуваат да ги следат стапките на нивните родители.
Систин има 22 години, а Софија 24 и се вклучија во заедночко ток-шоу насловено Unwaxed.