Плус сајз братучетката на сестрите Хадид отворено ги критикува сите кои не сакаат полни девојки + нови фотки од Џиџи со бебето
- Детали
- понеделник, 23 ноември 2020
Џиџи и Бела Хадид имаат братучетка од Холандија која е плус сајз модел и TikTok ѕвезда, и која отворено ги критикува луѓето кои не ги сакаат девојките со по некој килограм повеќе.
Џиџи и Бела Хадид се едни од најбараните и најдобро платените супермодели во светот. Но, тие не се единствените модели во нивното семејство – нивната мајка Јоланда беше модел, а сестрите имаат и братучетка која има слична професија.
21-годишната Јоан ван де Херик живее во Холандија, родната земја на Јоланда Хадид и е најпозната по тоа што ги критикува луѓето кои не сакаат полнички девојки.
Младата девојка најмногу се прослави на TikTok, каде што има над 440.000 следбеници, откако почна да објавува видеа со кои го слави нејзиното тело со облини. Таа има и Instagram профил, кој веќе го следат околу 200.000 корисници.
Јоан најчесто објавува видеа на кои танцува носејќи долна облека, обидувајќи се да докаже дека и плус сајз девојките можат да изгледаат одлично и не треба воопшто да се грижат ако им се познава стомачето.
Иако Јоан сега зрачи со самодоверба, на почетокот ѝ било тешко да го прифати нејзиното тело. Веројатно таа чувствувала уште поголем притисок со оглед на тоа што три жени од нејзиното семејство се супермодели, кои немаат ниту еден килограм вишок.
Јоан вели дека за плус сајз девојките најважно е да не се споредуваат со другите. Неа најмногу ѝ помогнало тоа што почнала да ги заменува негативните мисли со позитивни.
„Секојпат кога се чувствувам несигурно во врска со некој дел од моето тело, само си помислувам: Зарем тоа е навистина важно? Зарем тоа ме прави помалку вредна личност?
Едноставно, престанувам да размислувам за негативното и почнувам да се фокусирам на убавите делови од моето тело“, има изјавено таа.
Јоан тврди дека огромно влијание врз самодовербата имаат и луѓето со коишто сме опкружени:
„Опкружете се со позитивни луѓе. Јас отсекогаш сум била опкружена со луѓе кои имаат негативно мислење за себе, а оваа негативна енергија почнува да ве консумира. Почнувате и вие да мислите лошо за себе. Но штом ќе сфатите дека се случува ова, оддалечете се од тие луѓе“.
Интересно е што додека Јоан ги поддржува плус сајз девојките, таа отворено ги поддржува и подвизите на нејзините братучетки Џиџи и Бела.
Всушност, таа редовно споделува честитки за нивните достигнувања и секогаш им остава позитивни коментари.
Јоан има споделено и неколку фотографии со Бела, а и 24-годишниот модел сподели нивната заедничка фотографија, откако била на гости во Холандија:
„Овие збогувања секогаш ми се најтешки, но многу сум благодарна за времето што го поминавме заедно“, стои во описот на објавата.
Јоан многу ја сака и поддржува и нејзината тетка Јоланда, а била особено инспирирана од нејзината битка со лајмската болест (борелиоза).
Во меѓувреме, нејзината братучедка Џиџи Хадид се привикнува на мајчинството. 24-годишниот супермодел во септември го доби првото дете со Зејн, а неодмна сподели слатки фотографии.
Во описот на фотографиите Џиџи напишала дека се соочува со „нов вид замор“ поради мајчинството, но и дека поради ќеркичката веќе го украсила домот за празничната сезона.