Тој со месеци не доаѓал дома, а таа му простила неверство – љубовната приказна на Џеки Чен и сопругата Џоан Лин
- Детали
- сабота, 21 ноември 2020
Џеки Чен и сопругата Џоан Лин се заедно речиси четири децении, но нивната љубовна приказна е исполнета со многу страдање.
Џоан отсекогаш била совршена сопруга, но првите неколку години од бракот, актерот се однесувал многу лошо кон неа. Сепак, Џоан била истрајна, му ги простила сите грешки и успеала да го спаси нивниот брак.
Во продолжение дознајте нешто повеќе за нивната љубовна приказна:
Се запознале во 1982
Џеки Чен и неговата сопруга се запознале кога актерот имал состанок со уредник на еден магазин. Уредникот не дошол сам, туку со актерката Џоан Лин. Тогаш Џоан била позната низ цела Азија, а актерот останал без зборови кога ја видел во живо.
„Изгледаше толку убаво што помислив дека пред мене стои суштество од некој друг свет“, има изјавено тој.
Почеток на љубовната приказна
На Џеки најмногу му се допаднало што и покрај нејзината популарност, Џоан била навистина скромна и учтива девојка. За разлика од неа, тој период актерот бил неучтиво младо момче, но Џоан сепак се вљубила во него и не се ни обидувала да го промени.
За неа тој бил прекрасен човек со одлична смисла за хумор, а најмногу го привлекле добрината и отвореноста на актерот. На Џеки, пак, не му било јасно што гледа во него.
„Не ја прашав зошто ѝ се допаѓам но често се прашував зошто е со мене. Изгледа навистина гледаше нешто неверојатно кај мене“.
Бременост и венчавка
Џеки Чен не бил сигурен дали сака да стане татко, но штом Џоан му соопштила дека е бремена, тој бил многу среќен.
Неколку месеци подоцна тие направија венчавка во ресторан во Лос Анџелес, а веќе следниот ден Џоан го роди нивниот син Ченг.