Додека се суди со татко ѝ, Бритни Спирс одлета со 26-годишното момче на роденденски одмор на Хаваи (фото)
- Детали
- вторник, 17 ноември 2020
По повод нејзиниот 39-ти роденден Бритни Спирс замина на островот Мауи со своето 26-годишно момче.
Бритни Спирс води долга и исцрпувачка судска битка со својот татко Џејми Спирс кој е одговорен за нејзините финансии, по нејзините проблеми со менталното здравје во минатото.
Таа сака да му го одземе ова право, но судија од Лос Анџелес го одби ова барање. Поп дивата наводно не зборувала со татко ѝ повеќе од една година.
Но, среде овој процес таа одлучи да замине на тропски одмор со своето момче Сем Ашгари (26) по повод нејзиниот 39-ти роденден.
Со приватен џет парот пристигна на островот Мауи.
Од уживање во зајдисонце до освежување со тропско овошје, Бритни очигледно ужива во престојот на оваа рајска дестинација.
С. С. | Црнобело