Зак Ефрон со влечки и брада речиси непрепознатлив шета низ Австралија (фото)
- Детали
- понеделник, 16 ноември 2020
Некогашниот секс симбол и миленик на девојките низ целиот свет сега изгледа непрепознатливо.
Зак Ефрон некогаш важеше за секс симбол и беше миленик на тинејџерките ширум светот. Тој го покажа своето неверојатно тело и во филмот „Baywatch“, но сега изгледа сосема поинаку.
Речиси непрепознатлив со огромна брада и влечки на нозете актерот се шеташе низ градот Аделаида во Јужна Австралија.
33-годишниот Ефрон со сив дуксер на себе како да сакаше да мине незабележано од околината. Тој за да ја задржи анонимноста имаше и капче на главата.
Неодамна најави дека ќе го снима филмот „Gold“ во Австралија, па дали новиот имиџ е за потребите на филмот останува да видиме.
Фотки од Зак Ефрон во Австралија:
С. С. | Црнобело