Кога ќе го остават гламурот домa: Ријана и Викторија Бекам во ретко, природно издание без грам шминка
- Детали
- четврток, 12 ноември 2020
Со провокативна облека Ријана зрачи со сензуалност, а заштитен знак на Викторија е деловната облека, но овојпат дамите ги гледаме во нетипично за нив, но прекрасно, природно издание – во лежерна облека и без грам шминка.
Ријана во последно време најчесто ја гледаме во провокативни изданија кои го откриваат нејзиниот сексапил, посебно откако почна да ја рекламира својата линија долна облека.
32-годишната пејачка сака да експериментира со стилот и очигледно нема проблем одвреме-навреме да се ослободи и да прошета без шминка на лицето и облечена во лежерна облека.
Таа беше „уловена“ од папараците додека се упатува на ручек во Санта Моника и покажа дека и ѕвездите не мора да се гламурозни на секое излегување:
Папараците успеаја да „уловат“ уште една дама во нетипично издание за себе.
Викторија Бекам важи за жена која секогаш е средена од глава до пети, со сериозен, деловен аутфит и гламурозен изглед.
Овојпат ја гледаме во домашно издание, како претрчува до автомобилот во спортска облека, со несредена пунџа и без грам шминка.
Гордата мајка ја испраќаше ќеркичката Харпер на училиште:
Добро е кога ќе видиме дека и ѕвездите сакаат да си дадат оддишка и да уживаат во својот природен изглед, без тон шминка и неудобна облека, нели?