Криси Тајген направи тетоважа во чест на Џек – синчето што го изгуби по спонтан абортус
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2020
Криси Тајген ја покажа новата тетоважа што ја направила во чест на Џек – синот што го изгуби со спонтан абортус кога беше во 20-тата недела од бременоста.
Криси и Џон Леџенд имале романтична вечера во нивниот дом, па Криси сподели фотографија на Instagram на која го покажа фустанот што го избрала. 34-годишниот модел носи црн фустан украсен со пердуви, а комбинацијата ја дополнила со црни сандали.
Криси сподели и видео на Twitter, а набрзо потоа и фотографија на која го држи Џон за рака. На оваа фотографија се гледа и новата тетоважа, направена во чест на синчето што го изгубија неодамна.
На зглобот од десната дланка е испишано името на синот - Џек, веднаш над тетоважата што е направена во чест на нејзиното семејство.
После спонтаниот абортус, Криси некое време не беше активна на социјалните мрежи, но се врати со емотивен есеј за трагичниот настан.
Криси им соопшти на фановите дека некој период ќе добива медицинска помош, но од удобноста на нејзиниот дом. Истовремено, таа изјави дека го напишала есејот бидејќи сметала дека мора да каже нешто во врска со абортусот пред да може да го преболи и да продолжи со животот.
„Џек секогаш ќе биде сакан. Луѓето велат дека ваквите искуства создаваат дупка во вашето раце. Во моето срце дефинитивно има дупка, но е исполнета со љубовта од нешто што го сакав толку многу. Не ми изгледа празна, оваа дупка. Ми се чини дека е полна“, напиша Криси
Спирова С. | Црнобело