„Чувам илјадници пчели, донирав многу пари за жртвите од ковид-19“ – Бијонсе на насловната на Vogue во провокативно издание (фото)
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2020
Во интервјуто за декемвриското издание на Vogue, Бијонсе откри дека чува пчели и прави многу мед, но и дека помогнала во поставувањето пунктови за тестирање и донирала многу пари за жртвите од ковид.
Бијонсе ќе ја краси насловната на Vogue за декемвриското издание, а во интервјуто со магазинот споделува неколку интересни работи за неа.
39-годишната ѕвезда направила неколку фотографии, а на сите изгледа беспрекорно. На една од фотографиите носи долг црвен фустан со гол грб, кој ја истакнува нејзината фигура и има интересен детаљ на задникот, кој имитира танга.
Бијонсе е фотографирана и со розово кратко сако и многу кратки панталони со иста боја, но и во уште неколку провокативни изданија.
Во интервјуто за магазинот Бијонсе зборува за пандемијата, движењето Black Lives Matter и како овие настани влијаеле врз неа како родител. Бијонсе има три деца со сопругот Џеј Зи – Бу Ајви, и близнаците Руми и Сер.
„Станав многу подобар слушател. Блу е многу паметна и јасно ѝ е дека има некаква промена, но мојата работа како родител е да го дадам најдоброто од себе за да живее во што е можно побезбедна и попозитивна околина, како за 8-годишно дете“.
„Мојот најдобар совет е да ги сакам децата повеќе од кога било. Им кажувам на децата дека никогаш не се премногу млади за да направат добро што ќе го промени светот. Никогаш не ги потценувам нивните чувства и редовно проверувам како сето ова влијае врз нив“.
Пејачката прозборе и за тоа како е да се биде жена бизнисмен и што значи успехот за неа:
„Можете сами да одлучите како ќе изгледа успехот за вас. Да бидете број еден не значи подобар квалитет. И, комерцијалниот успех дефинитивно не значи дека сте влијателни“.
Едно од поинтересните нешта што ги открива Бијонсе е тоа дека чува пчели:
„Имам две кошници за пчели. Веќе некое време се во мојата куќа. Имам околу 80.000 пчели и правам стотици тегли мед секоја година. Почнав да ги одгледувам бидејќи моите ќерки, Блу и Руми, имаат ужасни алергии, а медот има многу лековити својства“.
За Бијонсе е познато дека е перфекционист, а сега и самата го потврди тоа во интервјуто:
„Штом ќе се посветам на нешто, давам сè од себе. Потребно е огромно трпение за да работите со мене. Мојот процес е макотрпен. Ја прегледувам секоја секунда од снимките неколкупати и го знам секој детаљ. Не се откажувам додека не се осигурам дека проектот го достигнал својот потенцијал“.
Музичката ѕвезда откри и дека активно помагала за време на пандемијата:
„Се обидувам да го смислам најпродуктивниот начин на кој можам да помогнам. Имав можност да работам со мојата црква во Хјустон, Тексас, каде што поставивме пунктови за тестирање за многу локални жители, особено за оние од посиромашните делови, кои неретко немаа пристап до тест.
Работев со локална болница во Хјустон, им дадов сè што им е потребно на инфицираните. Им помогнав на уште повеќе луѓе со средствата собрани од ремиксот Savage со Меган Ти Сталион – ги дониравме парите за поддршка на жртвите од ковид-19. Истото го направив и со средствата од Black Parade. За мене, оваа година беше година за служење на општеството“.
Спирова С. | Црнобело