Ќерката на црногорскиот пејач Кнез е вистинска убавица - Ксенија од групата Hurricane (фото)
- Детали
- петок, 30 октомври 2020
Таа има неверојатни сини очи и впечатливо лице, а по долги години музички обиди конечно со групата Hurricane постигна слава.
Русокосата убавица од групата Hurricane, Ксенија Кнежевиќ, е ќерка на познатиот црногорски пејач Ненад Кнежевиќ Кнез.
Таа е родена на 24 јануари 1996 година во Белград, завршила музичко училиште, отсек клавир.
Студира дигитален маркетинг, учествувала на многу музички натпревари, а настапи и на фестивалот Беовизија на само 17-годишна возраст.
Од 2017 година таа е член на групата Hurricane, заедно со Сања Вучиќ и Ивана Николиќ. Групата крена голема прашина во регионот.
Трите атрактивни девојки танцуваат, пеат и оставаат силен впечаток каде и да се појават.
Kсенија веќе неколку години е во хармонична врска со архитектот Никола Тодоровиќ, но не објавува многу фотки од него на социјалните мрежи.
Фотки од Ксенија: