Партнерот треба да ве прави подобра личност – Лекции од славните кои ја пронајдоа љубовта подоцна

Многу луѓе уште веруваат дека мора да стапат во брак до одредена возраст. За ова има безброј причини – притисок од врсниците, притисок од општеството, очекувања од родителите…

partnerot-treba-da-ve-pravi-podobra-lichnost-lekcii-od-slavnite-koi-ja-pronajdoa-ljubovta-podocna01.jpg

Нo, љубовта не знае за години и не значи дека ако не сте го нашле вистинскиот во вашите 20-ти, цел живот ќе бидете сами.

Всушност, некогаш е подобро и да почекате, отколку да се помирите со токсична врска која само ќе ве повредува.

Некои славни парови се одличен пример за ова, а во продолжение погледнете ги лекциите што можеме да ги научиме од нив:

Камерон Диаз и Бенџи Маден: Тајмингот е најважен

Камерон Диаз имаше неколку партнери со кои беше во посериозна врска – Џастин Тимберлејк, Џаред Лето, Алекс Родригез… Но, ниту една од нив не била доволно сериозна за да ја натера да мисли на брак. На почетокот од нејзините 40-ти, таа дури изјави дека никогаш нема да се венча.

Тој период актерката се фокусираше на физичкото и менталното здравје и бракот не ѝ беше никаков приоритет.

Но, во 2014-та го запозна Бенџи Маден, кој ја натера да сфати дека вредело што чекала. На 42 години таа му стана сопруга, а на 47 стана и мајка.

„Мора да најдете некој што е на исто место како и вие. Тајмингот е најважен. Без разлика колку години имате, за врската да функционира, мора да најдете некој кој е на исто место како и вие“, изјави таа во 2016-та.

dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-lekciite-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-slavnite-koi-najdoa-ljubov-podocna-vo-zhivotot-02.jpg

Џенифер Лопез и Алекс Родригез: Важно е партнерот да ве прави подобра личност

Кога ќе размислите добро, ќе сфатите дека Џеј Ло немала многу среќа во љубовта. Пред да го запознае Алекс, таа веќе имаше неколку пропаднати бракови, се соочи со неверство и дури мислела да се откаже од надежта дека ќе го најде вистинскиот.

А, наместо да го бара, и Џеј Ло реши да се посвети на себе. Токму тогаш, во нејзиниот живот се појави Алекс.

„Ова е првата врска за која сум убедена дека и јас и партнерот си помагаме да бидеме подобри личности. Се надополнуваме и помеѓу нас има вистинска љубов“, изјави таа.

dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-lekciite-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-slavnite-koi-najdoa-ljubov-podocna-vo-zhivotot-03.jpg

Салма Хајек и Франсоа Хенри Пино: Морате да верувате во себе

Салма Хајек имаше 42 години кога се венчаше со милијардерот Франсоа, а сега со него има и ќерка.

И актерката имаше бројни врски кои завршувале бурно и само ја повредувале, но таа секогаш верувала во себе.

Всушност, Салма има изјавено дека е горда што толку доцна го пронашла вистинскиот, бидејќи смета дека искуството ѝ помогнало многу во оваа врска.

„Посакувам во младоста да знаев дека ќе се вљубам во совршениот маж. Бев многу загрижена и бев во врска со луѓе со кои не требаше. Уште тогаш требаше да верувам дека ќе најдам одличен сопруг“.

dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-lekciite-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-slavnite-koi-najdoa-ljubov-podocna-vo-zhivotot-04.jpg

Никол Кидман и Кит Урбан: Не дозволувајте очекувањата на другите да ви ја уништат врската

Никол и Кит се венчаа во 2006-та и до денес се среќен пар. Кога се присетува на периодот кога се запознале, Никол вели дека тие биле двајца осамени луѓе, кои се сретнале во совршениот момент.

Актерката имаше бурен развод со Том Круз и долго време ѝ било страв да помисли на брак. Но, сега е благодарна што не ги исполнувала очекувањата на другите да се венча што побрзо.

„Сакав да се венчам, но не верував дека некогаш повторно ќе го направам тоа. Сега се чувствувам благословено што ја имам оваа длабока и моќна врска со Кит“.

dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-lekciite-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-slavnite-koi-najdoa-ljubov-podocna-vo-zhivotot-05.jpg

Гвен Стефани и Блејк Шелтон: Заедно надминувајте ги тешките моменти

Гвен Стефани беше во брак со Гавин Росдејл кој ја изневерил многупати. Кратко по разводот, таа го запозна Блејк, кој исто така преболуваше пропаднат брак. Но, парот тврди дека нивната заедничка болка им помогнала да стигнат онаму каде што се денес.

„Мислам дека ги поминав последните неколку години обидувајќи се да закрепнам и одново да си го изградам животот. А, тоа што го имав Блејк покрај мене за да ми помогне е еден од најголемите подароци што сум ги добила“.

dzhej-lo-i-aleks-rodrigez-lekciite-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-slavnite-koi-najdoa-ljubov-podocna-vo-zhivotot-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg