Хајди Клум ја откажа забавата, но со нетрпение го чека Halloween + прошетка низ Берлин со децата (фото)
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2020
Изгледа Хајди Клум со нетрпение ја очекува Ноќта на вештерките, и покрај тоа што ја откажа нејзината забава поради пандемијата.
47-годишниот супермодел сподели неколку селфиња со кои покажа дека едвај ја чека Ноќта на вештерките.
На една објава, Хајди искористила еден од тематските филтри на Instagram, а до неа се гледа и сопругот Том Каулиц.
На видеото Хајди додала опис „Уште 6 дена“, со хаштагот #HeidiHalloween2020, што веројатно значи дека и годинава можеме да очекуваме интересна маска од неа, иако немаше никакви најави како претходните години, кога се подготвуваше месеци однапред.
Таа сподели и фотографија на која во преден план е чорап со ликот на Урсула од Little Mermaid, со која најави дека можеби нејзината маска ќе биде инспирирана од негативците на Дизни.
Хајди веќе ја нарекуваат „кралица на Ноќта на вештерките“ и нејзината забава е настан што привлекува многу внимание.
Сепак, годинава забавата е откажана поради пандемијата со корона вирусот. Но, и покрај откажаната забава, на интернет бил забележан сајт кој продавал карти за забавата, и тоа по цена од 3.000 долари.
Се нуделе и ексклузивни карти по цена од 3.490. Хајди веќе соопшти дека забавата нема да се одржува, па од сајтот изјавиле дека наводно, сите го знаеле тоа и немало да купуваат карти:
„Не сме загрижени дека некој ќе купи по грешка, но ако се случи, ќе ја поништиме продажбата и ќе ги известиме за ситуацијата“.
Откако Хајди ги сподели селфи фотките со можните маски, подоцна беше забележана на прошетка во Берлин.
Моделот беше во друштво на нејзините деца и изгледаше одлично. Со широки панталони, чизми, џемпер и кожна јакна, Хајди покажа дека изгледа неверојатно и во лежерно издание.
Супермоделот и нејзиното семејство поголемиот дел од времето го минуваат во Берлин, откако таа побара дозвола од поранешниот сопруг Сил да ги однесе децата во Германија во октомври. Иако наводно на Сил не му било сеедно бидејќи сме сред пандемија, на крај сепак попуштил.
Во Германија, Хајди ќе снима нова сезона од германската верзија на Next Top Model. Прво сакале да снимаат во САД, но екипата од Германија не добила дозвола да влезе во државата поради корона вирусот.
Хајди и Сил се разделија во 2014-та и сега имаат заедничко старателство над децата. Во 2019-та, Хајди се венчаше во германскиот музичар Том Каулиц.