„13 долги години, колку ми недостатуваш“ – Тони Цетински со емотивна објава ден пред годишнината од смртта на Тоше Проески

Еден ден пред 13-тата годишнина од трагичната смрт на Тоше Проески, хрватската ѕвезда Тони Цетински објави фотографија со емотивен опис.

13-dolgi-godini-ne-mozham-da-veruvam-kolku-mi-nedostigash-toni-cetinski-so-emotivna-objava-za-godishninata-od-smrtta-na-toshe-proeski-01.jpg

Пред 13 години, на 16-ти октомври, загина една од најголемите музички ѕвезди од Македонија – Тоше Проески. Покрај бројните фанови, и колегите на Тоше уште не можат да се помират со неговата смрт.

Како речиси секоја година, исто и оваа, по повод ден пред годишнината од трагедијата, хрватскиот пејач Тони Цетински, кој водено му беше добар пријател на Тоше, сподели емотивна објава на неговиот Instagram, заедно со фотографија.

„Долги 13 години.

На утрешен ден, некаде во ова време нè напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку ми недостасуваш и до денес, и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер…

Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам… На улица сум, нормално, и врне одвратен дожд, но твојата насмевка е надеж која во ова денешно и чудно време им е толку потребна на сите. Ќе биде сè во ред додека те имаме тебе, кој нè чува со својата присутност, песни и сè убаво и добро што остави на оваа планета.

Ти си ангел да добрината. Знам дека нè чуваш, како што и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака твојот брат“, пишува Тони.

Хрватскиот пејач направил и огромен колаж на неговиот Instagram профил, со фотографија од него и Тоше. На фотографијата се испишани зборовите „Засекогаш Тоше“.

13-dolgi-godini-ne-mozham-da-veruvam-kolku-mi-nedostigash-toni-cetinski-so-emotivna-objava-za-godishninata-od-smrtta-na-toshe-proeski-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg