Не се откажува од „маскирање“: Сиа прикриена со розова перика и огромни панделки настапи на Billboard наградите
- Детали
- четврток, 15 октомври 2020
Иако одамна си го покажа лицето, сепак Сиа не се откажува од настапи со прикриено лице, па на Billboard наградите се појави во енормен розов фустан, со розова перика која ѝ го крие ликот и огромна панделка на главата.
Сиа со години беше препознатлива по нејзината перика во две бои и панделките на глава, а така се појавуваше буквално секаде, со цел да си го сокрие ликот.
Вистинско изненадување беше кога таа го покажа лицето зад „маската“, а сите мислеа дека оттогаш таа ќе се откаже од периките, но пејачката докажува дека сепак се држи до својот печат.
На Billboard наградите кои се одржаа на 14-ти октомври, пејачката се појави во огромен, розов фустан со панделка, кој некои го споредуваат со јорган. Ликот ѝ го криеше кадрава, розова перика, а на главата имаше жолта панделка. 44-годишната Сиа ја изведе својата нова песна Courage to Change.