Славни личности кои „заработуваат“ милиони и после нивната смрт
Доктор Сус
Авторот на популарните книги за деца оставил навистина огромно наследство. Неговите книги се продаваат и денес, а неретко се појавуваат и екранизирани верзии. Од ова, минатата година биле заработени 19 милиони долари.
Боб Марли
Денес можете да го видите лицето на Боб Марли на буквално сè – маици, филџани, капи… Покрај тоа, 30 години по неговата смрт, луѓето уште ги купуваат и неговите албуми. Музичките албуми и другите продукти лани направиле приход од 20 милиони долари.
Чарлс Шулц
Чарлс е личноста одговорна за стриповите со кученцето Снупи. Кога ќе ја земете предвид нивната популарност, не е ни чудно што со стриповите и неговите ликови биле заработени дури 38 милиони долари.
Елвис Присли
Елвис до денес е најпознатиот изведувач во светот. Само минатата година, со продажба на негови лиценцирани продукти биле заработени 39 милиони долари.
Мајкл Џексон
Изгледа никој нема да го повтори успехот на Мајкл Џексон. Според Forbes, познатиот пејач „заработува“ повеќе од која било славна личност по смртта, и тоа 7 години по ред. Лани, благодарение на неговите дела, бил направен приход од неверојатни 60 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело