Славни личности кои „заработуваат“ милиони и после нивната смрт
- Детали
- понеделник, 12 октомври 2020
Некои луѓе навистина продолжуваат да живеат и по нивната смрт – она што го создале додека биле живи оставило толкав впечаток, што се помни со генерации.
Но знаевте ли дека дел од овие луѓе продолжуваат да „заработуваат“ и по нивната смрт? Дури и ако поминале децении, имињата на овие луѓе се толку големи и важни, што секоја година заработуваат и по неколку милиони. Нормално, овие пари завршуваат кај нивните семејства, или наследниците што ги назначиле самите.
Најчесто причината за оваа заработка се нивните лиценцирани продукти, како, на пример, музички албуми, кои фановите продолжуваат да ги купуваат.
Погледнете кои славни личности „заработуваат“ милиони дури и по нивната смрт:
Нипси Хасл
Нипси беше убиен во март 2019-та и чудно е што по неговата смрт, неговите албуми почнаа да се продаваат многу повеќе.
Во периодот од ноември 2018-та до ноември 2019-та, од продажбата на неговите албуми биле заработени повеќе пари од кога било – 11 милиони долари – а поголемиот дел од заработката бил после неговата смрт.
Принц
Принц е едно од најпознатите имиња во музичката индустрија, а неговата смрт не го промени ова. Минатата година се продале 320.000 негови музички албуми, со кои биле остварени 12 милиони долари.
Мерилин Монро
Мерилин е единствената жена на листава и 6 децении по смртта, сè уште е едно од најпознатите лица во светот. Минатата година, во нејзино име се остварил профит од 13 милиони долари.
Џон Ленон
Џон Ленон е уште едно име што го знаат сите, дури и оние кои не ги сакаат Битлси. Минатата година, со продажба на неговите албуми и други лиценцирани продукти, биле заработени 14 милиони.