Македонката што победи во австралиско реално шоу со македонско знаме си кажа од каде потекнува (фото)
- Детали
- среда, 07 октомври 2020
Во Австралија живеат многу Македонци, а Ирена Србиновска иако е родена таму не заборава на своето македонско потекло, таа учела дури и во македонско училиште во Австралија.
Ирена Србиновска (31) победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на Локи Гилберт, кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.
Таа со својот сакан е многу актуелна периодов и многу фанови на шоуто се интересираат за детали од нејзиниот приватен живот.
Едно од прашањата на Instagram Story беше околу тоа која националност е, на што Ирена гордо одговори:
„Татко ми е Македонец, а мајка ми Хрватка. Родена сум во Австралија, но учев во македонско училиште и изучував македонски танци. Исто така имам патувано во двете земји.“
Медицинската сестра од Мелбурн очигледно не заборава на своите корени од Битола.
Таа периодов крстосува низ Австралија со Локи и уживаат во секој миг минат во природа.
Фотки од нејзиниот избраник:
С. С. | Црнобело